Алијанса за Албанците повторно го актуализира ветингот на судиите откако денеска Апелација ја укина пресудата за „организаторите на 27 април“ и случајот го врати на повторно судење. Новиот коалициски партнер во власта смета дека пжоништувањето на пресудата за обвинетите како организатори на настаните од 27 април 2017 година, каде повторно причина се пропусти и процесни прекршувања од прв степен, кај нас веќе стана судска практика.

По многубројните случаи каде пресудите беа поништени од истата причина и како резултат на тоа предметите застарија, последниот случај само ги потврдува сомнежите дека овие дејствија се намерни. Итно треба да се побара одговорност од судиите и другите можни виновници инволвирани во овие скандалозни акции. Во меѓувреме, политичките партии и другите релевантни фактори треба да седнат што е можно поскоро за да се започне процесот на ветинг и другите неопходни реформи во судството и обвинителството, велат од АА.

Од партијата сметаат дека настаните во Собранието од 27 април 2017 година се еден од најсериозните и најскандалозните настани од осамостојувањето на Македонија

Во спротивно, ваквите постапки на судовите претставуваат легитимирање и поттикнување на криминалот и тероризмот, велат од АА.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.