„Во текот на вчерашниот ден целата јавност беше сведок на скандал на двајца функционери на ДУИ кои иако и двајцата се изјаснети како Албанци, комуницираа само на македонски јазик, не почитувајќи ја барем двојазичностa“, реагираат од Алијансата за Албанците во писмено соопштение испратено денеска до медиумите.
„Таканаречениот Народен правобранител, Насер Зибери, во писмо испратено до Министерот за образование, Јетон Шаќири, уште еднаш се обиде да изврши притисок врз наставниците да го прекинат штрајкот. Иако и двајцата функционери се изјаснети за Албанци, писмото е испратено само на македонски јазик. Ова писмо, како такво и само на еден јазик, со гордост го објави министерот Шаќири.
Не сакаме да се мешаме во личните убедувања и избори на двајцата функционери на ДУИ. Тие можат да продолжат да комуницираат приватно само на македонски јазик. Но, ги потсетуваме дека на сила е закон кој ги обврзува да ги користат двата јазика во овие институции, а тоа е албанскиот јазик, особено кога писмото се однесува на наставници, од кои голем дел се Албанци. Го повикуваме и Инспекторатот за спроведување на законот за јазиците итно да ја изврши својата должност и да превземе мерки против двајцата функционери на ДУИ“, се наведува во реакцијата на АА испратена до медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.