Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени¸ се 684 тестови, а се регистрирани 18 нови случаи со КовидД-19 и 231 оздравен пациент. Не се регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство.

Од 18-те нови случаи, 16 се од Скопје, а два од Битола. Кај едно лице од вкупно 18 позитивни, регистрирана е реинфекција.

Од 231 оздравен пациент од Скопје се 101, Битола 41, Прилеп 24, Кичево 13, Охрид 8, Кавадарци и Радовиш по 6, Штип 5, Велес 4, Куманово, Тетово, Кочани и Делчево по 3, Струмица и Крушево по 2 и Струга, Неготино, Ресен, Крива Паланка, Виница, Демир Капија и Пехчево по 1.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, дополнително на 30 март е пријавено едно починато лице од Струмица (86г), кое починало во домашни услови.

Направени се 684 тестови преку: ИЈЗ-62, ЦЈЗ Куманово-4, Жан Митрев (Филип Втори)-36, Авицена-18, Биотек-27, Систина-14, Никоб Лаб-91, Ели Медика Плус-7, Рапид Лаб–4 и ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) вкупно 421.

Досега во земјата се направени вкупно 1.997.169 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 308.620, бројот на оздравени пациенти е 298.532, на починати е 9.262, а на активни случаи изнесува 826.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.