Навистина не ми е јасно како едно поставено прашање „добро зошто“ може да биде поттикнување на говор на омраза и закани кои може да доведат до насилство, прашува водителот Богдан Илиевски за случајот кој против него го покренаа ЗНМ и ССНМ за наводен говор на омраза против новинарката Лепа Џундева.

Напишав „добро зошто“, сум искажал став на кој имам апсолутно право без разлика дали сум новинар или самостоен сточарски работник или народски кажано овчар. Имам право да поставам прашање. И секој обид да се осуети поставување на прашање мислам дека ни во времето на сталинизмот немало ваков критериум на оцена на говор што е подобен или неподобен за властите – објаснува Илиевски во интервјуто за „Република“.

Илиевски најавува дека со ЗНМ и ССНМ ќе се соочат на суд.

Јас прво ги пријавив до Советот за етика, во судот на честа. Си ја запазив процедурата и секаде каде што можеше реагирав за она што јас ценам дека е клевета, бидејќи ја сум наклеветен дека сум поттикнувал омраза, а ги пријавив и до Комисијата за заштита од дискриминација бидејќи во нивното соопштение, можеби во обид да ја девалоризираат мојата работа сум означен како тв водител на вечерна емисија. Јас не сум член ни за ЗНМ и ССНМ, но јас сум вработен во Алфа ТВ како новинар и како што има Џундева некакви права имам и јас. Ако таа има право да ја нарекува да ја нарекува државата како сака и јас не и се мешам во нејзиното право да ја нарекува „Македонија“ или „Северна“ и да ми го ускрати правото да прашам едно обично прашање „добро зошто“. Не смее никој едно прашање да го карактеризира како омраза бидејќи нашата работа е да поставуваме прашања.Наше уставно загарантирано право е да имаме став и слободно мислење. Секој обид да се ускрати нечие право ме потсетува на романот на Џорџ Орвел „1984“ каде има дело зломисла каде не смееш ни да помислиш нешто што не е дефинирано во параметрите како подобни од системот. Затоа откако не добив извинување ќе поведам постапка пред институциите и ќе побарам симболична оштета од 1984 евра и тие пари ќе ги донирам и нема да задржам ниту еден цент. Во постапката тие ќе треба да докажат дека не ме клеветеле дека сум потикнал омраза а имајќи предвид дека моето дејство е „добро зошто“ ќе треба да докажат дека тоа прашање поттикнало омраза.

Илиевски смета дека апсурд образложението на ЗНМ дека со неговото прашање потикнал коментари и навреди кон новинарката Џундева.

Јас не можам на тој начин да поттикнам омраза. Што ако на пример Зоран Заев објави нешто за преспанскиот договор и некој во коментар го навреди или му се закани дали тогаш Заев ќе биде обвинет за поттикнување на омраза кон самиот себе? прашува Илиевски.

Новинарот смета сево ова наликува на времето на Шарената револуција кога се ловеа политички неистомисленици.

Сега не е СДСМ да ме гони туку е ЗНМ и ССНМ. Но, ако на луѓето многу им наликува тој однос може да согледаме многу интересни работи за јавноста. Наликува, потсетува на период кога кон неистомислениците се употребуваа разноразни методи.Индикативно е зошто изминативе седум години немаше вакви реакции. Да обвиниш новинар за прашање „добро зошто“ и да кажеш дека потикнал омраза е вон сите вери. Постапката ќе ја терам до крај затоа што се работи за слобода на говор која што тие како здружение би требало да ја бранат до крај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.