Заврши првиот дел од тринаесеттото Патувачко кино на „МакеДокс“ низ струмичкиот регион.

Магаренцето посети пет села во струмичкиот регион. Првата проекција беше на 18 јули во Василево, втората на 19 јули во Вељуса, третата на 21 јули во Моноспитово, четвртата на 22 јули во Босилово и петтата на 23 јули во Габрово.

За време на Патувачкото кино на „МакеДокс“ успешно се одржа првата сесија со новата генерација на млади документаристи – „Докуникулци“.

Вториот дел од Патувачкото кино на „МакеДокс“ ќе продолжи во септември во преспанскиот регион.

Фестивалот „МакеДокс“ ќе се одржи од 18 до 25 август во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.