Националната установа „Завод и Музеј – Охрид“ оваа година од Министерството за култура доби значителни средства за реализација на активностите предвидени со годишната програма.
Вкупно за реализација на програмата за 2022 година на Националната установа се издвоени повеќе од 12 милиони денари или четири милиони денари повеќе отколку лани.
Од нив за проекти за заштита на недвижното културно наследство се предвидени 10,5 милиони денари, 1,3 милиони за музејската дејност додека останатите средства се со намена за галериска и меѓународна дејност.
Охридскиот Завод и Музеј остварува и сопствени приходи од влезници продадени на посетителите на музеите и локалитетите. Тие средства се далеку од износот потребен за реализација на проектите, така што најчесто се наменети за подобрување на условите за работа.
Најголем дел од буџетските средства се трошат за конзерваторско-реставраторски активности на недвижно и на движно културно наследство, изработка на проекти за конзервација, археолошки истражувања, тековно одржување на локалитетите, музеите и предметите во збирките, доопремување на конзерваторските лаборатории и на музејските поставки, откуп на етнолошки предмети, изложби на современа уметност, како и организација на меѓународна школа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.