За да ги заштитат од уништување, украински музеи испратија на чување вредни слики во соседна Полска. Во војната во Украина до сега се уништени културни белези вредни повеќе од 2,5 милијарди долари, објави Глас на Америка.

Кралскиот замок во Варшава има две слики од украинскиот музеј Каненко, приложени како „Ремек-дела од Киев“. Ова се само дел од колекцијата што музејот ја испрати во Полска на чување за време на војната.

„Некои од нив потекнуваат од италијанската ренесанса, Фиренца и Сиена. Дел од нив навистина се ремек-дела“, вели Војчех Фалковски од Кралскиот замок – Варшава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.