Во Музејот на град Скопје вечер ќе биде отворена изложбата „Загреб“ на фотографот Лука Мједа од Загреб, Хрватска. Авторот ќе се престави со 50 црно бели фотографии во дигитален печат создадени изминативе триесетина години.
Според Музејот, фотографиите како ликовни дела се посветени и се сведоштво за минатото и сегашноста со оставина за иднината.
Мједа, наизглед ни го доловува само градот Загреб. Меѓутоа, авторот на оваа изложба ја открива присутноста на градот преку архитектурата. Човекот и не е важен во оваа изложба, тој се чувствува, претпоставува. Без колоритност во овие фотографии, но со голем визуелен ефект со изборот на светлото и темното, авторот е со интенција да се почувствува релацијата и вклопеноста на класичното и современото, се наведуува во најавата.
Мједа е магистер на Машинскиот факултет и бродоградба во Загреб. По соработката со американските фотографи Мери Елен Марк, Мајкл О’Нил и Џери Уелсман на работилница во Загреб во 1975 година развива силен интерес за фотографија, станува член на Фотоклубот Загреб и ја започнува својата соработка со Јозо Ќетковиќ, мајстор за фотографија. Со повеќе од триесетина самостојни изложби и фото монографии Лука Мједа се наметнува како еден од најплодните Хрватски фотографи.
Лука Мједа денес е посветен на ликовната фотографија.
Изложбата и каталогот се реализирани од Музеј на град Скопје, а финансирани од Град Скопје и Град Загреб во соработка со Хрватскиот фотографски центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.