Фестивалот „Театар на платно“ ја продолжува својата мисија.

На 31-ви мај (среда) во 19:00 во Кинотеката на Македонија ќе ја прикажеме претставата ДОНКА – Писмо до Чехов на уникатниот Даниеле Финци Паска и неговата трупа.

Претстава е направена во 2010 година во Русија во копродукција со Чехов фестивал по повод 150 годишниот јубилеј на Чехов. АртАктУм успеа да ги добие правата за само еднаш, ексклузивно на големо платно, да ѝ ја прикаже на македонската публика.

Потоа ќе има разговор со Ана Стојаноска,театролог, писател, професор на ФДУ, претседател на МТФ „Војдан Чернодрински„ Зоја Бузалковска, режисер, професор на ФДУ, Небојша Вилиќ,
историчар на уметноста, професор на ФДУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.