Актерката Весна Петрушевска ќе ја режира новата претстава во Македонскиот народен театар (МНТ) „Бог на колежот“, соопштија од националниот театар.
Станува збор за копродукциски проект, по текст на светски познатата француска авторка Јасмина Реза, напишан во 2006 година. Во претставата играат Ѓорѓи Јолевски, Дарја Ризова, Симеон Мони Дамевски и Наталија Теодосиева.
Започнаа читачките проби на претставата „Бог на колежот“. Режисерката Петрушевска го одбира овој текст на оваа брутално црна комедија, која безмилосно ја разобличува современата елита, притоа користејќи иронија и сарказам за да предупреди на дволичноста на човечката природа. Текстот изобилува со брилијантни дијалози и извонредна веродостојност на ликовите на два брачни пара, а кавгата меѓу двете момчиња е причината родителите да ја преземат контролата врз нивните односи. Односите стануваат сè понапнати, ситуацијата ескалира и се претвора во меѓусебни обвинувања и општо пресметување во се поголеми размери. Паровите водат психолошка војна, а на виделина излегуваат и долго скриените несогласувања во двата брака, велат од МНТ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.