„Пациенти“ е насловот на најновата хит-комедија на Театарот Провокација, чија премиера ќе се одржи вечер во Културно информативен центар – Скопје, Салон 19:19.
Комедијата „Пациенти“ е во режија на Ѓорѓи Ризески, а играат актерите Роберт Ристов, Мирјана Поповска Ристов и Радо Алексовски.
Сценографијата е на Роберт Ристов, а автор на ликовно сценски решенија е Игор Љубовчевски – Љубац.
Претставата „Пациенти“ е за односите во бракот, за тоа како изгледа заедничкото живеење на партнерите кои го негуваат егото наместо љубовта, во кое е присутна војната наместо спокојот. Ова се ситуации во кој ќе се препознаеме сите ние и нашите најблиски во моментите кога си дозволуваме да се разгорат оние „дебати“ во кои не ги бираме зборовите и средствата, само за да излеземи во право, во кои целиме што повеќе да повредиме бидејќи се чувствуваме повредено. Тој – хроничен алкохоличар, таа – хистерична аждаја. Не знаеш кој заради кого го сменил својот облик на битисување. Ова е претстава која е огледало на ситуациите од нашите животи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.