Вечерва во 20 часот во Народниот театар „Јордан Хаџи-Констатинов Џинот“ во Велес свечено ќе биде отворен театарскиот фестивал „5ре“ посветен на бардот на македонското глумиште Петре Прличко.
Вечерва ќе биде врачена наградата „Петре Прличко“ за животно дело во актерската дејност, која ќе му биде доделена на внукот на Прличко, Игор Џамбазов.
Фестивалот ќе има ревијален карактер и годинава ќе претстави седум хит комедии од македонските театари и две претстави за деца.
Заради здравствени проблеми на еден од актерите, претставата „Синиот портокал“ се откажува, и на нејзино место ќе има Стенд ап шоу со актерот Бојан Кирковски.
Влезниците за новиот фестивал „5ре“ се веќе пуштени во продажба и се по цена од 200 денари, освен за детските престави кои се бесплатни, но со претходно набавување на билетите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.