На последниот концерт во рамки на првата сезона на годинашното издание на „Деновите на македонска музика“, Камерниот оркестар „Ајга“ ќе изведе концерт под диригентство на Ана Спасовска, а средствата од продажбата на билетите ќе бидат донирани за лекување на малата Теодосија Лазаровска. Солист на концертот ќе биде Кирил Трусов.

На програмата ќе бидат одбележани јубилеите на македонските композитори кои оставија траен белег во развојот на македонската уметничка музика: 80 години од раѓањето на композиторот и академик Ристо Аврамовски со делото „Пролетна симфонија“ и 90 години од раѓањето на композиторот и диригент Драган Шуплевски со делото „Македонско капричо“.

Камерниот оркестар „Ајга“ предводен од диригентката Ана Спасовска заедно со виртуозот на виолина Кирил Трусов од Германија ќе го изведат и Концертот за виолина и оркестар во е-мол од Феликс Менделсон.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.