Во фоајето на Македонски народен театар денеска од 12 часот ќе се одржи прес-конференција на Васил Хаџиманов Бенд за новиот студиски албум со наслов „Кејф“.

Албумот „Keyf“ е осми студиски албум на бендот и објавен е во дигитален и CD формат од страна на хрватската издавачка куќа Croatia Records.

Содржи девет песни продуцирани од Васил Хаџиманов, Марко Периќ и Тони Китановски.

Васил Хаџиманов е музичар со единствен сензибилитет. Како пијанист, композитор, аранжер и педагог, тој е незаменлива врска на регионалната џез сцена и поединец кој во себе носи дел од своите предци кои, секој на свој начин ги обележија музичките простори на Балканот. ар/мд/

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.