Манифестацијата „Денови на поезијата“ што ја организира Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ вечерва во 18 часот ќе се одржи во „Скопје Сити Мол“. Отворањето ќе го води првенецот на Македонскиот народен театар, Никола Ристановски, а беседа за македонските врвни мајстори на лирскиот збор, за кои годинава одбележуваме значајни јубилеи, ќе одржи Весна Мојсова-Чепишевска.

Преку ликот на Шопов, „Деновите на поезијата“ ги соединуваат сите генерации, сè до најмладите. На свеченото отворање ќе учествуваат и студенти од Филилошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, придружени со деканот, Владимир Мартиновски.

Манифестацијата ќе трае четири дена, а повод се 85 години од објавувањето на „Бели мугри“ од Кочо Рацин и 80 години од објавувањето на „Песни“ од Ацо Шопов – првата книга на македонски јазик во слободна Македонија.

Од 21 до 24 март, по свеченото отворање, публиката ја очекува богата програма која ќе се одвива и во книжарницата „Литература.мк“ и во киното „Синеплекс“, а во чија организација се вклучија и Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература, „ПНВ Публикации“ и „Култура бета“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.