Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска упати честитка по повод Денот на сесловеснките просветители, 24 Мај, честитајќи го празникот со кој ја одбележуваме мисијата на Светите браќа Кирил и Методиј.

Светите Кирил и Методиј, со својата духовно-просветителска мисија имаат темелно значење за македонската култура и јазик.

Со нивното проповедање и учење ја поставиле основата на словенската писменост и литература. Тие ја обликувале првата азбука позната како глаголица и придонеле за создвањето на денешната наша азбука.

И покрај отпорот и несогласувањето на голем број свештеници и државни водачи, Кирил и Методиј успеале да го наметнат словенскиот јазик во ширење на христијанството, покрај еврејскиот, грчкиот и латинскиот.

Никој не успеал да ја совлада нивната истрајност и упорност во описменување на народите и затоа нивната учителска мисија е наша светост и гордост која ја славиме и денес.

Хроничарите низ историјата запишале дека Кирил и Методиј живееле и твореле за буквите, за јазикот и за писменоста.  Секој 24 мај се присетуваме на нивната големина и важност и му даваме посебно значење на нивниот светоглед и универзалната вредност.

Следејќи ги идеалите и заложбите на сите просветители ние имаме јазик признат во светската ризница на јазици со свои особености и карактеристики. Македонскиот јазик е нашата култура и нашиот идентитет.

И денеска им се поклонуваме за големото трајно дело. Нека ни е честит 24 мај – Денот на сесловенските и македонските просветители!“, вели Костадиновска-Стојчевска во честитката по повод празникот 24 Мај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.