Разговор на тема „Македонскиот роман и современите тенденции во светската книжевност“ ќе се одржи денеска на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
Разговорот го организираат Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и ќе учествуваат професорките Маја Бојаџиевска, Весна Мојсова-Чепишевска и Елизабета Шелева, како и писателите Владимир Јанковски и Петар Андоновски.
Разговорот ќе го модерира Ѕвездан Георгиевски.
Настанот се одржува во рамки на одбележувањето 25 години од наградата „Роман на годината“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.