Сликите на македонскиот уметник Трајче Чатмов од 9 до 30 ноември ќе бидат изложени во Ликовниот салон во Велес, по повод Денот на ослободувањето на градот од фашистичкиот окупатор. Чатмов во родниот град се претставува по пауза од неколку години, но како што вели, ова претставување за него има посебно значење.
Претставувањето во Велес е дел од серијата мои изложби во градовите низ Македонија. Претходно изложбата беше поставена во Скопје, Охрид и Куманово. Се работи за дела работени во изминатите две години. Претставувањето во родниот Велес за мене има големо значење. Се работи за моментот што сум роден и израснат во овој град и еве сега пред луѓето од родниот град ќе ги претставам делата. Отворањето на изложбата е на 9 Ноември – денот на ослободување на градот Велес од фашистичкиот окупатор, вели Чатмов.
Пред велешани ќе бидат изложени околу четириесетина дела на авторот, а поставката ќе биде отворена за посета до 30 ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.