Авторката на серијалот „Хари Потер“, Џ. К. Роулинг доби јавна закана од екстремист кој го поддржува Иран, набргу откако таа го осуди вчерашниот напад врз колегата писател Салман Ружди.
Роулинг, која претходно беше мета на транс-активисти поради нејзините родови убедувања, на Твитер објави дека е ужасната од нападот врз Салман Ружди, по што еден од корисниците на мрежата и упати закани.
Роулинг во петокот вечерта, по нападот врз Ружди напиша: „Се чувствувам ужасно. Само нека биде добро“.
Мер Асиф Азиз, кој во својата биографија на Твитер се опишува себеси како „студент, социјален, политички и истражувачки активист“, ѝ одговори: „Не грижи се, ти си следната“.
Роулинг денеска јавно побара од Твитер да интервенира и потврди дека сега е вклучена и полицијата. Таа им се заблагодари на своите следбеници на мрежата што ја поддржаа по заканите на Азиз.
Инаку, оваа последна закана за Роулинг следеше по вчерашниот напад на Салман Ружди, кој беше избоден со нож на конференција во Њујорк, каде што требаше да одржи предавање за слободата на говорот. Агентот на Ружди синоќа откри дека авторот моментално е на респиратор, но се чини дека е изложен на ризик да го изгуби видот на едното око, претрпел оштетување на нервите на раката и претрпел оштетување на црниот дроб.
Вестите од денеска велат дека тој е симнат од респиратор е дека може да зборува.
Поради книгата „Сатански стихови“, која екстремните припадници на исламот ја доживуваат како богохулење, писателот е практично во егзил од 1989 година поради повикот до верниците да биде убиен, испратен од тогашниот ајатолах Рухолах Хомеини.
По егзилот во Велика Британија, Ружди се преселил во Њујорк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.