Театарската претстава хит-комедијата „Чекајќи го министерот“ со популарната српска актерка Лидија Вукичевиќ, ќе се игра во неколку градови низ Македонија, во Охрид гостуваат во ПЕТОК 08.04.2022 година, со почеток во 20.00 часот, голема сала!

На  9-ти април претставата ќе се одигра во Центарот за култура Битола. Автор и режисер: Семир Гичиќ, играат: Лидија Вукучевиќ, Семир Гичиќ и Сашо Ристовски.

Станува збор за хит-комедија која предизвика интерес кај публиката од бившите ју-простори, а која извесен период не се прикажуваше заради пандемијата на коронавирус.

Дејството на претставата се случува во една руинирана кафеана, за чие реновирање, во очекување на доаѓање на министерот, е ангажиран дизајнер.
Покрај Лидија Вуќичевиќ, актерка која нашата публика ја знае од серијата „Бољи живот” и серијалот филмови „Жикина династија“, во претставата игра и нашиот актер Сашо Ристовски, како и Семир Гигиќ, кој воедно е автор на текстот и режисер на претставата.

За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:

-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози со вакцина против КОВИД-19

-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 180 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.