Драмски театар Скопје за в петок, 30 септември во 20 часот ја најавува есенската премиера на претставата „Така зборуваше Гетруда“ од младата македонска авторка Миа Николовска, а во режија на Ангелчо Илиевски. Премиерно, претставата беше изведна на 30 јуни.
Драмски театар има задоволство да промовира млади автори, во случајов авторката на текстот Миа Николовска, на која ова и е прва премиера на текст. Режисерот Илиевски првпат режира во Драмски, рече на денешната прес-конференција директорката на Драмски Катерина Коцевсжка.
Претставата „Така зборуваше Гертруда“ е крик за правда и крик за еднаквост, вели режисерот Илиевски.
Среќен сум и задоволен што успеавме да направиме претстава на која сите може да бидеме горди. Овој нов драмски текст на Николовска не само што ќе има праизведба во театарот, туку конечно тоа ќе биде почеток и отскочна даска за неа и за нејзината кариера понатаму. Нашата претстава ја обраборува правдата и правдата гледана од повеќе аспекти – државна, општествена, божја правда, сето тоа поврзано преку еден судски спор кој се води против Гертуда. Преку тој судски спор се гледаат сите општествени аномалии и се детекрираат проблемите кои секојдневно не мачат, рече режисерот Илиевски.
За авторката на текстот Николовска, огромна е честа што нејзината драма премиерно ќе биде изведена во Драмски театар.
Претставата зборува за еднаквоста меѓу луѓето и животните и како сето тоа треба да функционира во една хармонија. Гертруда, иако свиња, е слика на човек и она што се стреми да биде. Луѓето околу неа се повеќе со животински, ѕверски нагони, вели Николовска.
Во претставата играат: Соња Стамболџиоска, Григор Јовановски, Стефан Вујисиќ, Трајанка Илиева Вељиќ, Дамјан Цветановски, Рубенс Муратовски, Александар Степанулески, Ана Димитрова, Атанас Тановски, Емилија Мицева Трајковиќ, Ведран Чашарек и Виктор Мирчески.
Претставата говори за корумипраното судство во модерните држави и како се функионира во едно општество. Во претставата јас сум на страната на тоа корумпирано судство и за мене беше предизвик да играм еден таканаречен негативен лик, вели актерката Илиева Вељиќ.
Актерот Вујисиќ ја истакна позитивната атмосфера и отворениот однос и одличната соработка со режисерот Илиевски.
Добро е што имавме една демо премиера за да видиме и ние самите и преку фидбекот што може да подобриме од технички и актерски аспект, вели Вујисиќ.
Актерот Рубенс Муратовски рече дека Македонија има светла иднина кога станува збор за режисери, а воедно и се заблагодари на Николовска, која според него, пополнува една огромна дупка во драматургијата кај нас.
Текстот е брилијантен. Секој си го чита на свој начин, односно, ниедна убава претстава не става точка на крајот, туку отвора неколку прашања. Претставата зборува за правдата, но јас би сакал текстот да го гледам како нешто што ние луѓето, сами, без ниту една причина, не предизвикани од никого, сами сме си ја дале, како богови на планетава, да може да јадеме се и сешто, да вледееме се на планетава без да не стигне некаква казна. Да не звучам како „зелените“, но имаме една планета и треба да ја сочуваме, да живееме во кохезија со сите останати суштества, рече Муратовски.
Сценограф на претставата е Валентин Светозарев, костимограф е Марија Пупучевска, а композитор е Дарија Андовска.
Следаната изведба на „Така зборуваше Гертруда“ е на први октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.