Утре во Кочани ќе се одржи втората самостојна изложба на ликовниот уметник Нада Ѕмбова Донева – „Вера, Надеж, Љубов“ во НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани со почеток во 19,30 часот, фоаје 2.

Изложбата е дел од годишната на програма на НУЦК „Бели мугри“ финансирана од Министретсвото за култура.

Делата се настанати во периодот од 2020 до 2022 година.

Нада Ѕмбова Донева првата самостојна ликовна изложба ја имаше во 2019 година во салонот на НСЦУ „Бели Мугри“ во Кочани, а учествува и во неколку групни изложби во Кочани, Штип и Виница.

Делата за својата втора самостојна изложба „Вера, Надеж, Љубов“ ги создава во многу турбулентен период на глобален психолошки притисок, период на пандемија која ги затресе темелите на дотогашниот начин на живеење и поттикна промени во сите сфери, кога неминовно се менуваат и уметничките принципи.
Авторот прави обид со преку насликаните форми низ кои продира светлината да не воведе во една нова специфична урбана свест, која буди надеж кон подобро утре. Нејзините слики сочинуваат комбинација од емоционален интензитет преку модерен сензибилитет до степен на визуелни елементи кои ја напуштаат конкретната форма, истакнува рецензентот Илинка Атанасова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.