Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) традиционално и оваа година го отвори повикот за предлагање на можни добитници на наградата “Андреја Дамјанов“ за 2022 година.

Престижната награда „Андреја Дамјанов“ претставува признание за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градежништвото. Оваа архитектонска награда преставува афирмација на залагањето кон архитектурата во нашата земја и се доделува на државјанин на Република Македонија. Право за поднесување на предлог за можни добитници имаат членовите на ААМ, каде оценувањето на кандидатите за добитници на наградата ја врши комисија, во чии редови е и добитник на наградата “Андреја Дамјанов“. Наградата се состои од плакетата и статуетка со ликот на Андреја Дамјанов, а добитникот станува и член на Архитектонската Академија на ААМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.