Студентите од Факултетот за ликовни уметности (ФЛФ) го претставија своето книжевно првенче, „Умник“ – студентско културно списание. Списанието, прво од ваков тип во последните неколку години, има за цел да ја промовира културата во земјава вклучувајќи настани, рецензии за уметнички дела од разни области, како и конкретни дела од студентите и интервјуа со уметници.

Бевме инспирирани од уметничкото списание од 90-тите, ‘Промо арт’ каде по тоа што го видовме се забележува дека е многу слободно, токму така како што уметноста треба да се манифестира без премногу ограничувања и правила, вели Марија Јаќовска, апсоловент на Факултетот за ликовни уметности и една од уредниците на првиот број.

Замислата е „Умник“ да излегува еднаш месечно, а потребата за тоа потекнува од, како што вели Јаќовска, долгите години колективна неактивност на студентите на ФЛФ.

извор: Радио МОФ.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.