Во организација на Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ, утре 10.04.2024 (среда) во Музејот на македонската борба, со почеток во 19.30 часот, ќе се одржи промоцијата на монографијата ,,Стојан Стојков – мојот творечки пат”.

Монографијата е посветена на делото, животниот и творечки пат на почитуваниот композитор и професор Стојан Стојков.

Промотор: Александар Трајковски, а на промоцијата ќе бидат изведени и дела од камерниот и хорски опус на композиторот.

Настанот е во рамките на манифестацијата Денови на македонската музика 2024.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.