Со проекција на „Дали си маж“ од македонскиот режисер Ѓорче Ставревски, во 19,30 часот на „Плочник“ и изложба на аналогни фотографии „Мозаик во зрно“ од Љубомир Трајковски вечерва во „Котур“ во Скопје почнува шестото издание на „Ѕирни“, Фестивал на филм и музика кој ќе трае до 10 октомври. Организаторот најавува филмови, концерти, тетарски претстави, интервіуа, изложби, вкусна храна и внимателно селектирана музичка програма.

Оваа година официјалната селекција на кратки филмови, кои се натпреваруваат за наградата „Данчо Чеврески”, станува интернационална. Се воведува и уште еден натпреварувачки дел во програмата – интернационални кратки студентски филмови.

Во ова издание на фестивалот по вторпат ќе се одржи и 48часовниот филмски предизвик. Ќе уживаме и во маестралните улоги на Мето Јовановски во филмските проекции на „Тетовирање“ и „Среќна Нова 49-та“. На наше големо задоволство, покрај кино салата на , оваа година фестивалот ќе се одржи и на нови локации. Филмови од официјалната селекција и концерти на „Аудио Цигла“ и „Фанк Шуи“ ќе гледаме на Плочник (во блокот на градски ѕид веднаш до соборниот храм), а театарската претстава „Кенди“ во „Лабораториум“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.