Сликата со наслов „Портрет на селанка со бела шапка“ на холандскиот уметник Винсент ван Гог е продадена на Годишниот саем за уметност и антиквитети ТЕФАФ во Мастрихт, Холандија, за повеќе од 4,5 милиони евра.

Платното со димензии 63 x 48 цм е насликано околу 1884 година, додека уметникот престојувал во куќата на неговото семејство во селото Нуенен. Овој период се смета за пресвртница во делото на Ван Гог. Автентичноста на сликата е потврдена од музејот „Ван Гог“ во Амстердам.

Овој период се смета за пресвртница во делото на Ван Гог. Автентичноста на сликата е потврдена од музејот „Ван Гог“ во Амстердам.

Сликата беше ставена на продажба од американската галерија „МС Рау“ од Њу Орлеанс.

Новиот сопственик платил 4,57 милиони евра. Тој всушност, поседува приватен музеј надвор од Европа, објави холандскиот ТВ-канал „НОС“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.