Скопје танцов театар утре ќе настапи на 39. издание на интернационалниот фестивал “Недела на современ танц” во Загреб. На сцената на „Загребачки плесни центар” ќе се изведат две кореографии на Скопје танцовиот театар, „Outline” на Дејан Битривски, во која настапува Анастасија Данчевска и „Не ми ги допирај очите“ на Адријана Данчевска.
Ова е прво претставување на Скопје танцовиот театар на овој значаен фестивал.
Кореографот Битровски за “Outline” вели дека е посветено на жената и нејзиниот однос со општеството, а кореографката Данчевска во најавата за нејзината кореографија вели:
„Не ми ги допирај очите“ се поистоветува со човекот во Македонија. Го слави животот, убавото во едноставното и гневот во постоењето. (Кога ќе те снема, може повторно да те заима). Следете политика и главите кон сонцето!“
Музиката за претставата ја потпишуваат Артефакт и Гордан Спасовски трио. Во перформансот настапуваат Адријана Данчевска и Дејан Битровски.
Во рамки на вечерта, во 18 часот, уметничката директорка на Скооје танцовиот театар и деканка на Филмската академија, Катедра за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев”, професорката Рисима Рисимкин, ќе одржи предавање на тема „Развој на софтвер за компјутерски генерирана кореографија”, а на 9. јуни, во рамки на фестивалската програма Андријана Данчевска ќе има работилница за современ танц.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.