Краткиот филм „Северен Пол” на Марија Апчевска е примен во официјална конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал – Кино Павасарис во Литванија. Фестивалот ќе се одржи од 24 март до 3 април во Вилнус, Литванија.
Филмот „Северен Пол“ имаше премиера на Канскиот филмски фестивал во 2021 година, а беше прикажан на неколку светски фестивали од каде се врати со награди. Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Филмот е во продукција на „Кино око“, а во копродукција со „Сервиа филм“ од Србија и „Тиволи продукција“ од Унгарија, со поддршка на Агенцијата за филм на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.