Нападот со нож врз Салман Ружди во САД го поттикна интересот на јавноста за неговите дела, особено за неговиот роман „Сатански стихови“, објавен во 1988 година, за кој доби смртни закани пред триесет години. Продажбата на тој роман денес е зголемена.

Поради таа книга, Иран издаде фатва против него во 1989 година.

Од саботата попладне, три изданија на делото беа на врвот на листата на бестселери на Amazon, која ги следи книгите чија продажба најмногу се зголеми во изминатите 24 часа. На четврто место е првиот бестселер на авторот, „Децата на полноќта“.

Нападот ја згрози јавноста

Нападот, кој ја згрози светската јавност и наиде на осуда, а веднаш потоа неколку негови наслови веднаш беа продадени во познатата њујоршка книжарница Странд, не вклучувајќи ја и онлајн продажбата.

На Твитер корисниците повикаа да се купат делата на Ружди во знак на солидарност со него.

„Сатански стихови“ раскажуваат за авантурите на двајца Индијанци, чиј авион е цел на терористички напад и тие оддеднаш се наоѓаат на плажа во Англија. Првиот има форма на ангел, а вториот на Сатаната (Ѓаволот).

Во приказната, авторот на блудниците им ги дава имињата на жените на пророкот Мухамед. Покрај тоа, тој го создава ликот на пророкот Махунд, кој под влијание на Луцифер признава дека освен Алах може да се обожаваат и други богови, но подоцна ја сфаќа својата грешка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.