Ретроспективната изложба на еден од најзначајните современи македонски ликовни уметници, Владимир Георгиевски, со поставени 20-тина дела од неговиот богат творечки опус . Изложбата се реализира во соработка со Музеј на Град Скопје, преку мрежата „МузеумЛинк”, чија што цел е да им овозможи на што поголем број љубители на уметноста надвор од главниот град да се запознаат со опусот на уметникот.
Автор и координатор на мрежата „МузеумЛинк” е Јасминка Намичева-кустос советник од Музеј на град Скопје. Делата за оваа поставка на изложбата се во сопственост на Фросина Георгиевска, ќерката на професорот Георгиевски, која заедно со Намичева го направија и конечниот избор на дела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.