Музичарот Арбен Шаќири е новиот директор на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Таму дури денеска дознале за исходот од конкурсот, иако решението за директорската позиција е изработено пред скоро две недели.

Решението на Шаќири е од 10 јануари. Тој дојде денеска на работа со решението, а кандидатите, ниту МКЦ како институција во меѓувреме не се известени за назначувањето. Рокот од осум денови за жалба е пробиен, а, со тоа, поминато е и времето за жалба на другите кандидати. Правото на жалба не е испочитувано, велат од МКЦ за Радио МОФ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.