Второто издание на регионалниот театарски фестивал РУТА на почетокот на октомври ќе ги донесе ансамблите на водечките театарски куќи од регионот во Скопје. Со свои претстави пред македонската публика ќе настапат членките на Регионалната унија на театри:Београдско драмско позориште, Камерни театар 55 од Сараево, театар Улисис од Загреб, Месно гледалишче Љубљана и Градско позориште Подгорица. Меѓу многубројните гости е и славната српска актерка Бранка Катиќ.

Фестивалот ќе се одржи од 3 до 8 октомври ќе го отвори Драмски театар Скопје со премиера на претставата „Фирма“ на Роланд Шимелфениг во режија на Нела Витошевиќ.

Концептуално фестивалот РУТА Група Триглав се одржува на секои два месеци во еден од шесте театарски центри. Драмски театар Скопје е домаќин на шеснаесеттата по ред Рутана која македонската публика ќе ја има можноста да проследи претстави направени во копродукција на повеќе театри и режисери од целиот регион.

Директорката на Драмски, Викторија Рангелова – Петровска, најави дека годинешната програма на РУТА тематски е разнолика, но сите претстави заедно имаат и заеднички именител, а тоа е потребата постојано да се потсетува за определени состојби и случувања кои никогаш не треба да се заборават.

На сцената на Драмски во тек на фестивалската недела, македонската публика ќе има можност да види шест репрезентативни и најнаградувани претстави на театрите од регионот.

Драмски театар Скопје како домаќин со премиерата „Фирма“ го отвара фестивалот на 03 октомври (вторник) 2023 година. Режија: Нела Витошевиќ. Улоги: Ирена Ристиќ, Ивана Павлаковиќ, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ, Игор Ангелов, Стефан Вујисиќ.

„Декамерон“ – на Градско позориште Подгорица во копродукција со Народно позориште Ниш настапува на 04 октомври (среда) 2023 година. Претставата е во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски. Улоги: Милош Пејовиќ, Сања Крстовиќ, Омар Бајрамспахиќ, Вања Јовиќевиќ, Душан Ковачевиќ, Маја Вукојевиќ – Цветковиќ, Павле Поповиќ, Евгенија Станковиќ, Уна Лучиќ, Стефан Вуковиќ Драгана Јовановиќ, Лара Драговиќ и Драгиша Вељковиќ

„Нора“ е претставата на Местно гледалишче Љубљана, Р. Словенија што ќе се игра на 05. октомври (четврток) 2023 година. Режијата е на македонската режисерка Нела Витошевиќ

Улоги: Ајда Смеркар, Матеј Пуц, Јернеј Гашперин, Нина Раковец и Јуриј Древеншек .

На програмата на четвртиот фестивалски ден на 06 октомври (петок) е претставата „Син“ на Камерни театар 55 од Сараево. Режија: Дино Мустафиќ Автор: Флоријан Зелер

Улоги: Џана Пињо, Давор Голубовиќ, Адмир Гламочак, Сабина Бамбур и Амар Селимовиќ

Београдско драмско позориште пред нашата публика ќе ја изведе претставата „Самрак на боговите“ во сабота на 07 октомври во режија на Јагош Марковиќ

Улогите ги толкуваат Бранка Катиќ, Александар Алач, Исидора Симијоновиќ, Владан Милиќ, Павле Пекиќ, Јово Максиќ, Милан Чучиловиќ, Милица Зариќ и Вања Ненадиќ.

Со претставата „Отело“ театарот Улисис од Р. Хрватска го затвара фестивалот РУТА во недела на 08 октомври. Режијата и е доверена на украинската режисерка Оксана Дмитрова, а поделбата на улогите освен на актерите на Улисис е направена и со членовите на „Сараевски ратни театар“ од Сараево. Ликовите во претставата ги толкуваат актерите: Ермин Браво, Албан Укај, Ана Марија Брѓановиќ, Давор Сабо, Маја Салкиќ, Јасенко Пашиќ, Снежана Богиќевиќ, Аднан Кресо, Мак Ченгиќ и Ален Коњиција

Поради големиот интерес на публиката од Драмски театар Скопје информираат дека од денес се пуштени во продажба поединечните и блок билетите за фестивалот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.