За околностите и за новите лаги на актуелната министерка за култура г-ѓа Бисера Стојчевска Костадиновска, а по повод нејзиното вчерашно видео обраќање, пишува во писменото обраќање Тина Иванова.

Прво, пресот во делот каде што реактивно темата сум јас, евидентно дека е однапред наменски подготвен, на што упатува фактот дека на присутните на оваа тема им се ускрати можноста да постават прашања. На пример, во врска со нејзините мотиви за моето, надвор од сите норми и со паушално образложение, разрешување од директорка на Филхармонијата.

Второ, времето на „авто“ прес конференцијата, актуелната министерка за култура во делот на темата за мене го посвети на лаги, па по ред:

Лага 1 е дека Филхармонијата „е најмногу финансирана“. Тоа е состојба откако институцијата е формирана и тоа датира од пред 80 години и тоа не е случајно. Има институции кои поради областа што ја покриваат и обемот на активностите имаат поголеми буџетски зафаќања. Напротив, на Филхармонија и беше скратена значителна сума на пари од веќе одобрен буџет.

Лага 2 е кога во делот на своето обраќање во кое зборува за мене, без ронка совест тврди дека била обвинувана дека врши политички прогон, без притоа јасно да каже, да потенцира, да појасни и да објасни каде тоа од мене го прочитала или слушнала или кој и каде, во која тоа пригода некој тоа ме цитирал мене во врска со неа.

Лага 3 е кога  тврди дека не сум разрешена затоа што како директорка сум застанала зад своите вработени. Не, не, сите знаат, и врапчињата да ги прашате ќе и кажат дека сум разрешена само затоа што не застанав зад нејзината штетна одлука и дека како моја примарна должност застанав зад колективот да го заштитам од нејзините алхемии.

Лага 4 е нејзиното тврдење дека институцијата издавала простор надвор од за тоа утврдените правилници и без дозволи и одлуки на Управниот одбор.

Лага 5 е дека за време на собирот на жени на политичка партија надворешни лица користеле технички средства на институцијата.

Лага 6 е дека на конкретниот настан на конкретната политичка партија обезбедувањето не било организирано во согласност со предметниот правилник.

Лага 7 е дека за овој настан директорката и ОУ дале две различни изјави во смисла дали настанот ќе се одржел или не, како да случувањата во објектот се болви кои можат да се скријат во душек.

Лага 8 е дека надворешни лица управувале со техниката на институцијата, конкретно и за споменуваниот партиски настан, за кој со техниката управуваа исклучиво стручните професионални лица вработени во филхармонијата и нивниот прекувремен труд. Како и за другиот потребен персонал, е вграден соодветен правилник, односно, отсекогаш било така, домаќински, услугите за надворешни субјекти да не се на товар на институцијата туку на товар на барателите на услугите.

Лага 9 е дека за конкретниот настан не е наплатена затезна камата за доцнење од 73 дена на плаќањето на фактурата од конкретната политичка партија, зашто затезна камата не фигурира во прелиминарните договори, туку таа се фактурира временски дополнително и квартално, што секако од страна на надлежниот персонал, вообичаено како и досега со години наназад, ќе биде сторено.

Лага 10 е дека „неколку“ пати имало инспекции. Од првиот протест на оркестарот, поради крајно погрешната одлука на министерката и од моментот кога како директорка јавно застанав зад оправданиот револт на колективот, а против неодржливата одлука на министерката, во институцијата престојуваа не само инспекции, туку и административци од министерството, а на барање на министерката, и сите копаа, копаа и најдоа ништо.

Лага 11 е дека за просторот на бифето немало записник. Требаше да спомене, но не спомна дека за тоа има и договор за закуп во кој таксативно и прецизно се наведени двостраните обврски, договор кој од страна на закупецот во повеќе наврати е прекршуван и за што постојат изјави од обезбедувањето и фотографии и видеа, односно доказна документација. Врз основа на содржините од договорот, а со цел заштита на државниот имот, се покрена постапка за раскинување на истиот што, очигледно, беше дополнителниот порив кај министерката да напише решение за разрешување за, според сите оценки на колективот и упатената јавност, успешната директорка наспроти нејзината „непослушност“ пред министерката.

Лага 12 е дека ветила дека на новоформираната институција ќе и нашла друг простор. Тоа тврдење не стои ниту во елаборатот за нејзино формирање, ниту пак, во владината одлука. Да беше поинаку, ќе немаше неколкумесечни протести на оркестарот и на целиот колектив, туку одлуката ја смени и за новата институција изнајде друг простор откако оркестарот и другиот филхармониски персонал ја притиснаа со протести, по што ја промени неодржливата одлука. Факт на кој јавно се произнесоа и многумина упатени стручни лица и соодветни музички институции од земјава, регионов и пошироко, како и авторитетни домашни и светски имиња познавачи на потребите и на можностите на Филхармонијата.

Лага 13 е дека е раскинат договорот за закуп со фирмата која по договор стопанисува со бифето, туку поведена е постапка за негово раскинување, а сега, по оваа нејзина констатација, еве јавноста нека ја праша зошто, од кои причини филхармонијата повела постапка за раскинување на договорот. Нека ја покаже доказната документација и изјавите на поединци за повеќекратното нарушување на договорот и да појасни зошто застанува на страната на прекршителот, а на сметка на заштитата на државниот имот.

Лага 14 е дека со предвремено раскинување на договор се прави штета на државата. Напротив, штета се прави со непочитување на одредби од договор, со што директно се нанесува штета на имотот на државата и на имиџот и угкледот на институцијата.

Лага 15 е нејзиното тврдење за „единствената“ (нејзината) вистина. Бара записници за нешто за што такви акти не се предвидени, туку има договори со надворешни субјекти во кои е се пропишано, а записници отсекогаш и секаде и по правило се прават само за евентуално нарушување на договор како правен акт поради, на пример, нанесена штета на имот.

Лага 16 лага е дека на членовите на новоформираниот оркестар не им било дозволено да вежбаат во просториите на филхармонијата кои не се приватен туку се наменски и неговото користење е пропишано со наменски правилници донесени од страна на Управниот одбор на институцијата и во рамките на тие правно институционални алатки е можно негово рационално користење и во тие одлуки не стои дека министерката има право истите да ги прекршува. 

Лага 17 е дека имало некакви пријави до министерството од трети лица за наводно некаково несоодветно постапување при издавање на просторот на институцијата, освен доколку такви пријави не прибира во меѓувреме за некои свои други потреби.

Лага 18 е дека таа се „радува“ што како директорка сум застанала зад страната на колективот што, судејќи и по реакциите, тоа и` е сосема јасно и на информираната и упатената јавност.

Лага 19 е дека, повторно на крајот министерката „поентира“ дека јас преку социјалните мрежи сум обвинувала за, ја цитирам; „политички притисок“.

Лага 20 е дека, како што вчера повторно преку видео обраќањето тврди дека сум работела несовесно, зашто најде за чие работење кому да дава таква квалификација.

За при крај и за еден преседан: Се уште актуелната министерка за култура е единствената во македонската „административна“ историја и веројатно и ќе остане единствена која од институција за која има непосредна надлежност, документи бара преку Комисијата за слободен пристап до информации.

И за самиот крај, секако дека за нејзините лаги, паушали, обвинувања и посебно за навредите, барам јавна сатисфакција, јавно извинување или пак, тоа ќе се случи по пат на судска постапка.

П.с. Неразбирливи се нејзините закани за натамошна тортура врз мене, но и тоа еден ќе и мине. Ја истуркав шарената да урнеме режим, бубрези ни вадеа по протести за да стапне каде што во моментов е и да може да покажува и злоупотребува моќ, но и тоа има рок на траење, стои во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.