Општина Охрид денеска распиша конкурс за наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ.

Право на учество, како што стои во објавата, имаат сите полнолетни граѓани на земјава.

Заинтересираните своите трудови треба да ги достават најдоцна до 29 јули годинава, во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: Општина Охрид, улица „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака „За конкурост за расказ“. Авторското право се докажува со четвртиот примерок, стои во информацијата на Општина Охрид.

Жири – комисијата ќе ги објави резултатите во дневниот печат најдоцна до 5 август оваа година. Нарадата изнесува 30.000 денари, а ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која во негова чест традиционално, секоја година се одржува во неговото родно Велгошти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.