Oпштина Охрид објави дека е избран најдобриот расказ на годинешниот конкурс за наградата „Живко Чинго“.

Расказот „Ние ја имаме судбината на Јозефа К.“ под шифра: „Обид на македонистот“, е најдобар на годинашниот конкурс „Живко Чинго“. Комисијата во состав: проф. д-р Димитар Пандев, претседател, м-р Перчо Божиновски, член и доц. д-р Мерсиха Исмајлоска, член, го издвои награденото дело со актуелноста на горливата тема, вклопена во интертекстуална книжевна матрица со референци на светската и македонската книжевност, што му дава постмодернистички сензибилитет“, стои во соопштението на Општина Охрид.

На Конкурсот пристигнале 73 плика со вкупно 75 раскази, а во потесен избор бил и расказот под шифра „Билјанини извори“.

Авторот на наградениот расказ, треба најдоцна до 11 август да се јави во Одделението за  култура на Општина Охрид, за докажување на авторството со четвртиот примерок. Наградата има и парична вредност од 30.000 денари и на авторот ќе му биде врачена на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ на 13 август.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.