Движењето #СитеЗаМКЦ денеска во 10.45 часот огранизира протестна акција пред Советот на Град Скопје во знак на револт за кратењето на буџетот и менувањето на временото раководство на градската институција. Организитаорите велат дека целта на акцијата е да се покаже културата и историјата на Младинскиот културен центар.

Сметаме дека МКЦ дефинитивно не заслужува буџетот да му биде скратен за 92% и да биде мета на политички игри. Бараме Град Скопје во најбрз можен рок да ја промени оваа одлука. Преку 50 години, МКЦ е дом на голем број уметници, музичари, културни работници и активна публика. Нема да се откажеме од оваа историска институција и нема да престанеме да се бориме за нејзиното опстојување“, велат од „СитеЗаМКЦ“.

Сите за МКЦ е неформално движење на музичари, уметници и засегнати граѓани кои се борат за зачувувањето и фер финансирањето на Младинскиот Културен Центар во Скопје. Движењето се формираше непосредно по граѓанскиот собир #СитеЗаМКЦ кој се одржа на 22 јануари на платото пред МКЦ со цел да се изрази револтот кон актуелните случувања со намалувањето на буџетот и, како што се наведува, непрописното менување на в.д. директорот. Настанот беше организиран од Гола Планина Колектив, независна мрежа на новиот музички бран во Македонија. Иако оваа иницијатива започна со Гола Планина Колектив, #СитеЗаМКЦ претставува неформално движење на различни видови на уметници, но и засегнати граѓани кои целат да го заштитат еден од последните јавни културни простори во државата.

Ние ниту сме партиски определени, ниту пак добиваме финансиска поддршка од некого. Целиме да ја шириме нашата мрежа и добредојдена е помош од секој кој се залага за зачувувањето на МКЦ, како и поддршката на независната културна сцена во Македонија“, додаваат од „СитеЗаМКЦ“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.