Во четврток, 23 ноември 2023 година во „Концепт 37“, со почеток од 19:00 часот, ќе се одржи промоцијата на романот „Ѓаволот има убаво лице“ од Дора Попова.

Бјанка е лекарка која работи на интензивна нега за време на пандемијата со респираторен вирус. Нејзиниот сопруг Давид, кој има нарушено здравје, е сопственик на синџир маркети низ градот. Хронично уморна, под стрес од секојдневните одлуки што ги носи политиката во здравството, Бјанка развива силна анксиозност со панични напади. Тоа ќе ја поттикне да почне да посетува психотерапија. Од друга страна, под влијание на социјалната, економската и здравствената криза предизвикана од пандемијата, бракот со Давид, почнува да се рони. Давид се вљубува во неговата помлада секретарка Моника, поради која е подготвен да ја напушти Бјанка. Од друга страна, Бјанка минува низ ролеркостер од чувства и искушенија со директорот на најголемата фармацевтска компанија во државата, кои ги споделува со својата психотерапевтка. Тоа ја зголемува кризата во бракот со Давид. Сето тоа го набљудува и тајно го поттикнува еден чуден господин. Господинот Л, кој сите го знаат, но никој не го познава….

 

Доминантно тешка и тегобна, атмосферата го вшмукува читателот во диегезисот, беспоштедно поставувајќи прашања и одговарајќи ги, создавајќи богати значенски слоеви, од кои извираат нови прашања и се отвараат отвораат нови перспективи. Ретко дело на противречности кое повремено „почестува“ со шармантна фарсична нотка или со амалгамски религиозно-филозофски поенти – Билјана Велковска, дипломиран филолог по компаративна книжевност.

Промотори:
Анде Јанков, писател
Илина Ведран, инспирациски говорник, автор и лиценциран тренер по методата на Лујза Хеј
Билјана Велковска, дипломиран филолог по компаративна книжевност, м-р на психолошки науки



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.