Денес на Саемот на книгата на штандот на ТРИ, од 18 часот, ќе се одржи промоција на новите изданија на расказите на Румена Бужаровска, кои побудија голем интерес кај посетителите.
„Осмица“ (ново издание во кое има и од раните раскази од „Чкртки“), „Мојот маж“ и „Не одам никаде“ ги потсетуваат читателите дека на македонската книжевна сцена има квалитетни автори кои вреди да се прочитаат.
Бројот на читатели што се интересираат за домашната литература постојано расте. Тоа се случува благодарение на македонските авторки и автори како Румена Бужаровска, кои во своите дела ни нудат силни приказни раскажани на мајчиниот јазик. Бужаровска не само што успеа да ги охрабри читателите да ѝ веруваат на македонската проза, а на писателите да ја објавуваат, туку успеа и да ги надмине границите и да го прошири својот глас и влијание во Европа. Нејзините раскази се преведуваат на големи светски јазици, се изведуваат на театарските сцени и високо се вреднуваат, велат од „ТРИ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.