Пред научната и пошироката јавност денеска во 16,30 часот во живо, на фејсбук страницата на кантарот.мк ќе биде претставена новата веб-страница www.researchnet.mk.

Проектот ќе го претстават членовите на тимот на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања.

Станува збор за иницијатива на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања на УКИМ, наменета за истражувачи кои се заинтересирани за соработка со научници родум од Македонија, кои работат надвор од границите на земјава.

Идејата е researchnet.mk да стане простор каде што македонските научници во странство ќе можат да ги објавуваат своите истражувачки интереси, вештини и области на експертиза за да се поврзат со потенцијални соработници од Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.