Претставниците на Програмскиот колегиум го запознаа претседателот Стево Пендаровски со последните случувања во Младинскиот културен центар.

Тие појаснија дека со доделениот буџет од Градот Скопје за 2023 година ќе се нанесе непоправлива штета на институцијата и дека со тоа целосно ќе се загрози програмското функционирање на МКЦ, како и функционирањето на ансамблите кои делуваат во установата и фестивалите со долгогодишна традиција.

Претставниците на Програмскиот колегиум од МКЦ информираа и за процесот за назначувањето на в.д. директор во институцијата, кое според нив се случило со намерно заобиколување на пропишаните законски процедури и побараа поддршка од претседателот за нивното барање – законски и отворен конкурс за директор на МКЦ.

Пендаровски посочи дека треба што поскоро да се најде решение за овие предизвици во рамки на законските процедури и регулативи.

Викендов, стотици граѓани од најразлична возраст се собраа , пред МКЦ, каде со музичка програма на бројни изведувачи, потпишуваа петиција и протестираа во „одбрана на МКЦ“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.