По емитувањето на манифестацијата „Златна Бубамара на популарност“ на социјалните медиуми јавноста почна да реагира на тоа дека ниедна институција не го сметала за интересен проектот „Македонисимо“ на Симон Трпчески.

Нека остане забележано дека проектот на Симон Трпчески, нашиот прв национален уметник, “Македонисимо” кој е посветен на македонската музика, сплет од ора и песни инструментално изведени, проект кој го промовира секаде по светот, не бил интересен за ниедна институција да го поддржи.

Најстариот американски магазин специјализиран за рецензии „Америкен Рекорд Гајд“, основан во 1935 година на читателите им го препорача, „амбициозниот проект инспириран од фолклорната музика, предводен од пијанистот Симон Трпчески“, појаснувајќи дека самиот наслов „Македонисимо“ значи „мошне македонски“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.