Во кино салата во Центарот за култура во Кичево денеска со почеток во 19 часот, прв пат ќе биде прикажан филмот „Студен ноември“ на режисерот Исмет Сијарина.

Филмот ја раскажува приказната за деведесетите години, што му претходеа на она што подоцна се случи и донесе независност на Косово. Носи семејна приказна базирана на вистински настани во турбулентно време, кога не може да се рече дека фактички сме живееле, туку само сме постоеле.Фадил кој живее во Приштина во раните деведесети со сопруга две деца и татко, создава приказна која ви ја буди љубопитноста, изјави Мазлам Османи, директор на Центарот за култура во Кичево.

Филмот „Студен ноември“ е коопродукција на филмските куќи „Палците горе“ и „Леб“.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Куштрим Хоџа,Фатмир Спахиу-Буфи, Адријана Матоши,Емир Хаџихафизбеговиќ, Гордана Бобан,Меј-Линда Косумовиќ и Лум Весели, сценариото е на тандемот Адриа Красниќи и Исмет Сијарина, кој воедно е и режисер на филмот. Уредник на филмот е Владимир Павловски, додека музиката е на групата Ерикон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.