Во рамките на новиот проект Arts Hub кој ќе го реализираме во приодот 2023/24 година, продолжуваме со серијата презентации и разговори со уметници од локалната уметничка сцена.
Преку оваа серијата од 6 презентаци и разговори, домашните уметници и автори кои во контекст на програмата КСП Центар Јадро во изминативе 2 години беа поддржани да реализираат свои проекти на партиципативна/социјално ангажирана уметност (Кристина Божурска, Културно Ехо, Елена Чемерска, Ивана Мирчевска, Симона Манчева, Лидија Пајевиќ и Крунислав Стојановски) ќе ги претстават своите веќе реализирани проекти и ќе ги споделат искуствата и лекциите научени од праксата во специфичниот локален контекст. Проследени со прашања и одговори , овие презентации и разговори, меѓу другото, ќе ги пренесат искуствата и ќе помогнат во освестување на битните аспекти поврзани со подготовката и реализацијата на проекти и акции базирани на социјално ангажираната уметност
Серијата на презентации ја продолжуваме со презентацијата на проектот „ Создаваме град, градиме иднина!“ на Културно Ехо на 8 февруари, 20 часот во КСП Центар- Јадро
Проектот „Создаваме град, градиме иднина!“ имаше за цел да ја зголеми транспарентноста и партиципативноста во процесот на урбанистичкото планирање на градот, преку серија јавни настани од мултимедијален карактер, чија основна цел беше да поттикнат критичко размислување и да иницираат вклучување на локалната заедница во процесот на планирањето на просторот.
Тема на проектот беше новиот генералeн урбанистички план за Скопје (ГУП за период од 2023 до 2032 година) кој е најважниот документ за планирањето на иднината на градот. Во рамки на проектот беа реализирани 3 настани во 3 општини во Скопје.
Содржина на настаните штп се реализираа во рамките на проектот:
1. Интерактивен документарен филм кој обработува повеќе локации од важечкиот ГУП (од 2012 до 2022 година) што веќе се предмет на дебата во јавниот дискурс.
Тимот кој го изработи документарниот филм и перформансот:
Режија: Андреј Георгиев и Драгана Гунин
Актер: Симона Димковска
Кинематограф: Кристијан Караџовски
Монтажа: Дејан Смилевски и Андреј Ристески
Наратор: Мартин Манев
Гласови: Наталија Теодосиева, Илија Волчески, Јанка Лефкова и Благојчо Стојанов
2. Работилница на тема: Што претставува ГУП и зашто е важен? Инволвирање на граѓаните и интеракција за нови идеи и предлози во насока на планирањето на градот.
3. Дебата на тема „Нов ГУП, нова можност за Скопје?“
Проектот „Создаваме град, градиме иднина!“ го реализира Меѓународно здружение на граѓани Културно Ехо-Скопје во соработка со здружението Ситископ – Скопје во рамки на проектот „Места на дарежливост – трансформативни станици“ на КСП Центар Јадро.
Проектот Arts Hub е место за спојување, креативно истражување и изразување, каде што уметниците и сите оние што се заинтересирани да го искусат креативниот процес ќе можат да ги развијат и надградат своите интереси, знаења и вештини. На овој начин учесниците ќе имаат прилика да ги споделат и надградат своите заеднички интереси, како што се визуелнитe уметности, музиката и изведувачките уметности итн.
Главна цел на проектот е да се мотивираат уметниците кои што работат во различни уметнички дисциплини да ги зголемат своите знаења и вештини во областа на социјално ангажираната уметност, специфичните форми на театар, аудио продукцијата и аудио подкаст, фотографија и видео, и како и тоа да се поттикнат, користејќи го стекнатото искуство низ едукативниот процес да создадат свои партиципативни проекти преку кои ќе имаат импакт во заедницата и ќе делуваат во подигање на свеста за разни социјални и политички теми и проблеми.
Следствено, проектот ќе ги задоволи потребите за комуникација на проблемите со публиките и јавноста преку уметничките проекти во насока на подигнувањето на свеста за проблемите; мобилизација на уметничката сцена која во соработка со активното граѓанството ќе создаде партнерства и воспостави отворени врски со групите засегнати од проблематиките што проектите ги таргетираат; охрабрување на разни целни групи во иднина сами да се борат за каузите во кои веруваат и делуваат, како и да се поттикнат и да започнат да размислуваат како самоиницијативно можат да го подобрат квалитетот на животот во нивните заедници.
Овој проект ќе се стреми кон напуштање на класичните формати на продукција и презентација на уметнички проекти што подразбира активна работа со креативци од повеќе уметнички дисциплини, партиципативност, активно учество на граѓаните и публиката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.