Македонскиот народен театар (МНТ) на 28 септември ќе учествува на 23. Традиционален фестивал „Албански театар во Македонија“, Дебар со претставата „Лагата“, од Флоријан Зелер, а во режија на Бесфорт Идризи. Играат: Јордан Симонов, Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска.

Ова е второ фестивалско учество на претставата. На 31. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, актерот Јордан Симонов за улогата на Павле ја доби наградата за највисокото актерско остварување.

Фестивалот во Дебар почна на 24 и ќе трае до 30 септември 2024 година.

Во натпреварувачкиот дел од програмата ќе учествуваат седум)претстави од театри од нашата земја, Албанија и Косово, а во изминатите години до сега на фестивалот учествувале повеќе од 180 претстави од Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Франција, Швајцарија и САД.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.