На 9 март 2022, во 20 ч. на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетската премиера „Госпоѓиците од Авињон“ – балет во 9 слики со врвна авторска и солистичка екипа.

Настапуваат: Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи, Агим Бафтии, Ендру Кук.

Музиката е на Калиопи Букле, кореографијата и режија се на Олга Панго, либрето и драматургија – Сашо Димоски. Во екипатта се уште и асистенти на кореографот: Горан Божинов, Саша Евтимова; костимограф: Раде Василев; мултимедија и дизајн: Емил Петров; дизајн на светло: Милчо Александров; дизајн на шминка: Златица Поповска; Користени се сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“ – сценограф Валентин Светозарев.

Бивајќи загледан во еден свој сон во Пикасовата слика „Госпоѓиците од Авињон“, врз платното слета една мува. Мувата, еднакво љубопитна колку и јас, почна да зуи насекаде по сликата, да прелетува од еден до друг нејзин крај, да ја испитува со кураторска прецизност. За разлика од мене, мувата имаше можност да го допре платното, на нејзината текстура да ги остави своите отпечатоци врз боите и низ формите. Допирајќи ја сликата, мувата одново ја создаваше,зуејќи. Во тој миг од сонот го скицирав текстот „Госпоѓиците од Авињон“, вели Димоски.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.

Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19 или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Задолжително е носење на заштитна маска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.