Денеска во 21 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одигра претставата „ГЛУМиЦИ“ во продуција на независното здружение Артопија. Втората изведба е закажана за утре, 31 март, исто така во 21 часот.

Денешната изведба е распродадена, но остануваат уште билети за утре – 31.3.2022 (четврток). Билетите се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку www.bileti.mkc.mk

Од Артопија соопштуваат дека претставата е колективно авторство, Ненад Тонкин е автор на дизајнот на сценскиот простор, а Дино Имери е автор на оригиналната музика.

Оваа претстава ја сонуваме 10 години. Почнувавме да ја правиме неколку пати. Последниот пат кога почнавме, решивме да не ја завршиме никогаш.
Прашање е дали ГЛУМиЦИ е воопшто претстава за глумици или за глумци, за театарот, за сите нас во него или за него во светот, за славата, блесокот, за сето она за што мечтаеме, за страдањето, за носењето на својот крст и верувањето. Можно е да не е. Можно е да не е ни претстава. Можно е да е нешто повеќе.
Не знаеме. Не знаеме ни дали никогаш досега не сме го правеле ова или отсекогаш сме го правиле токму ова. Да пробаме заедно, па ќе видиме, велат од Артопија.

Претставата е поддржана од Град Скопје и Министерство за култура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.