Програмата на деветтото издание на КРИК – фестивалот за критичка култура продолжува утре, на први јули во 19:30 часот, во Националната галерија Чифте амам, со предавање на една од најинтересните современи промислувачки на квир феминизмот, Изабел Лорај.

Таа ќе одржи предавање насловено како „Презентистичка демократија: Практика на грижа и квир долг“, во кое ќе се тематизираат сегашните практики и потенцијали на општествената грижа, кои можат да бидат основа за моделот на демократија во сегашноста.

Сегашноста, која несомнено се одликува со екстремни услови на прекарност во работата и животот, исто така отвора поле во кое споделената прекаријарност и взаемно зависење може да се зачува. Новата концепција на прекаријарност се заснова на квир/црн и конечно лош долг, долг кон меѓусебната зависност, во смисла на бескрајно должнички односи на грижа. Наспроти машкиот долг, кој наложува сигурност и е насочен кон иднината, долг кој воспоставува фиксни индивидуализирани субјективности, оној кој не ја експлоатира работата, туку општественоста и животот, и кој се базира на односот заемодавач-заемопримач, Изабел го повикува квир долгот како средство за дисперзија на грижата и политиката во сегашноста“, се вели во најавата за предавањето.

После предавањето на англиски јазик, во разговор со Артан Садику, ќе се дискутираат прашањата: Како да се ослободиме од позицијата на субјективитетот на долгот што ни го наметнува сегашниот систем? И како да се организира дисперзирана социјализирана грижа за да се бориме против временската оскудица на сегашноста?

Изабел Лорај е политичка теоретичарка и професорка по квир студии на Академијата за медиумски уметности (KHM) во Келн и работи за transversal texts (transversal.at), платформата за издаваштво на Европскиот институт за прогресивни културни политики (eipcp). Таа е авторка на неколку книги, меѓу кои „Состојба на несигурност: Влада на несигурните“, „Демократија во политичката сегашност: Квир- феминистичка теорија“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.