По повод отворената изложба „Сѐ што ни е заедничко“ во Музејот на современата уметност (МСУ) ќе се одржи предавање и перформанс на британската уметница Дилејн Ле Бас.

Настанот ќе се одржи на 1 февруари, среда, со почеток во 20 часот.

Приказни од куќата на Ле Бас. Времето се преклопува. Куќата на Ле Бас. Грешки… Што беше тоа? Што е тоа? Дали го имам видено порано? Дали навистина гледате кога гледате? Дали навистина слушате кога слушате? Пазете се од лингвистичко инженерство… И преку уметноста ќе најдеме ли правда? И каде е ромската амбасада? Замина во тишината на ударот…“, се вели во описот за настанот.

Дилејн Ле Бас е британска уметница која создава инсталации, перформанси, фотографии и филмови. Таа е една од шеснаесетте уметници кои се дел од Изгубениот рај, Првиот ромски павилјон на Биеналето во Венеција од 2007 година.

Нејзините дела се вклучени во Биеналето во Венеција од 2007 година, Биеналето во Прага 2005 и 2007 година, Биеналето Гвангју 2012 година, Националната галерија на уметност Зачета 2013 година, MWW Музеј на современа уметност Вроцлав 2014 година, третото издание на проектното биенале за современа уметност D-O Арк Андерграунд Босна и Херцеговина 2015 година, Биеналето Оф, Будимпешта 2015 година и Проширеното меѓународно биенале за современа уметност во Гетеборг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.