Денеска во период од 13 до 15 часот, повторно пред Владата, вработените од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм, преку мирен протест ќе го изразат незадоволството поради своите недостоинствени месечни примања.

Во Министерството за култура и Управата за заштита на културно наследство, платите на скоро 70 отсто од вработените се под просечната плата во земјава, а разликата со платите на вработените на истите позиции во установите од областа на културата е и по 10.000 денари, велат од овие институции.

Вработените во трите институции бараат покачување на платите по примерот на вработените во Министерството за финансии, кои со Закон се зголемија за 30 отсто.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.